ФОТО: Ова е Иван, првото родено бебе во 2014


Министрите за здравство и за труд и социјална политика Никола Тодоров и Диме Спасов и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го посетија првото бебе родено во 2014 година на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје.

ivan-bebe4-500Првороденото машко бебе Иван е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри. Мајката Оља Чолакова, родена 1987 година изјави дека породувањето поминало одлично со одличен медицински тим. Претчувствувала дека бебето ќе се роди за Нова година. Ова е нејзино второ дете, по тригодишниот син Христијан.

Министерот Тодоров  им честиташе на родителите за рожбата и им посака многу успеси, радост и среќа.

Првото пак третородено дете, информира министерот Спасов, е родено во Велес и ќе добие парична помош од државата и од ресорното министерство.

Градоначалникот Трајановски на семејството Чолакови им го честиташе новороденчето, а на граѓаните Новата 2014 година и им посака здравје, среќа, успех, љубов, толеранција и меѓусебно разбирање.

ivan-bebe1-500

– Ова е добар знак за годината, прво па машко. Сметам дека цврсто ќе газиме на реализација на проектите кои ни се предвидени за 2014 година. Се надевам дека оваа година ќе ни биде успешна и бериќетна, рече Трајановски.

На првороденчето, градоначалникот Трајановски му подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци. Од Министерството за труд и социјална политика златник и плакета и еднокартна парична помош.

Новогодишната ноќ, истакна министерот Тодоров,  поминала релативно мирно од здравствен аспект односно според статистиката во последните пет години имaме една од најмирните новогодишни ноќи, со најмал број здравствени инциденти.

– Укажувањата кои ги дававме овој период вродија со плод, како и големиот број предавања за младата популација, особено за средношколците. Непосредно, пред новогодишните празници со предавања за штетните влијанија од дрогата, алкохолот и цигарите беа опфатени околу 6.800 средношколци, рече Тодоров. Апелите кои, како што рече, ги дававме со докторите вродија со плод и имавме најмирна новогодишна ноќ.

Во текот на ноќта на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје се родиле осум бебиња, четири машки и исто толку женски. Лани на оваа Клиника имало околу 6.000 породувања.

Foto – Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1