Сузан Стејси од Кентаки, поставила „селфи“фотографија на фејсбук, на која со крваво лица моли за помош
Таа била жртва на семејно насилство, но не можела на друг начин да ја контактира полицијата, затоа што откако ја претепал, ги откачил каблите од телефонот од ѕидот.
Затоа, таа поставила фотографија од своето крваво лице и напишала:
„Ве молам помогнете ми“. Еден од нејзините пријатели на Фејсбук брзо реагирал и повикал полиција.
Таа на полицијата и раскажала дека сопругот, Дони Сејси, ја претепал со пиштол кога слушнал дека телефонски разговара со некој маж. Нејзиниот сопруг бил приведен и се наоѓа во притвор.