Божиќната забава завршила трагично за 27 годишниот Роб Вилијамс од Велика Британија
Откако со колегите од работа се забавувал во луксузниот хотел Де Вера Тхеобалдс Парк во Хертфордсхир, момчето заминало во својата соба да спие. Следниот ден било пронајдено со тешки повреди во снегот пред хотелот. Несреќниот Вилијамс бил однесен во болница, но ниските температури и повредите на главата довеле до застој на срцето.
Лекарите успеале да го оживеат по што момчето поминало пет дена на интензивна нега. За жал починало на Божиќ. Сомневајќи се на убиство, полицијата започнала истрага за случајот. Со истрагата откриено е дека Роб завршил во снегот додека месечарел. Се качил на прозорот од својата соба и паднал од него.
Неговото семејство и пријателите се неутешни. Навикнале да се шегуваат на негова сметка поради месечарењето и поради смешните ситуации кои ги предизвикувал.
-Неговото месечарење секогаш беше нешто што не засмејуваше. Никогаш не мислевме дека тоа ќе стане извор за солзи и болка- рече негов пријател.