Месечарел, паднал од прозор на луксузен хотел и починал


Божиќната забава завршила трагично за 27 годишниот Роб Вилијамс од Велика Британија

mrtvacnicaTОткако со колегите од работа се забавувал во луксузниот хотел Де Вера Тхеобалдс Парк во Хертфордсхир, момчето заминало во својата соба да спие. Следниот ден било пронајдено со тешки повреди во снегот пред хотелот. Несреќниот Вилијамс бил однесен во болница, но ниските температури и повредите на главата довеле до застој на срцето.

Лекарите успеале да го оживеат по што момчето поминало пет дена на интензивна нега. За жал починало на Божиќ. Сомневајќи се на убиство, полицијата започнала истрага за случајот. Со истрагата откриено е дека Роб завршил во снегот додека месечарел. Се качил на прозорот од својата соба и паднал од него.

Неговото семејство и пријателите се неутешни. Навикнале да се шегуваат на негова сметка поради месечарењето и поради смешните ситуации кои ги предизвикувал.

-Неговото месечарење секогаш беше нешто што не засмејуваше. Никогаш не мислевме дека тоа ќе стане извор за солзи и болка- рече негов пријател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1