Местото каде Исус е роден (Видео/Фото)


Сведоштвото на Лука ни кажува дека во Витлеем, што на македонски значи куќа на лебот, праведниот Јосиф и пречистата Дева Марија место за преноќиште нашле во долниот дел од гостилницата каде што биле сместени домашните животни.

kapija vitleem

Затоа, по своето породување пречистата Дева Марија новороденчето Јешуа/Исус го положува во јасли. Претставата за тоа дека Исус е роден во некаква пештера е плод од пресубјективните сликовни трансформации на раѓањето Христово.

Денес за место каде се родил Исус се смета црква во Витлеем- Church of the Nativity, за која постојат податоци и дека е најстарата сочувана црква во светот. Единствена која не била срушена и уништена за време на многубројните освојувања.

И денес во црквата се влегува низ мала порта – се смета дека е заѕидана за да влегуваш во ова свето место потклекнат – со почит.

А во минатото на тој начин се спречувало да се влегува со животни внатре. Црквата се уште има дел од прастариот под, дел од фрески а по камените скали во пештера спрат подолу се наоѓа местото каде Исус е роден – означено со златна ѕвезда.

vitleem2vitleem4

Даровите на мудреците се чуваат на Света Гора

Даровите на мудреците се една од ретките реликвии што се зачувани од времето на раѓањето на Исус Христос. Ова светост сега се чува во манастирот „Свети Павле“ на Света Гора. Претходно, таа до 4 век се чувала во Ерусалим, по што била пренесена во соборниот храм „Света Софија“ во Kонстантинопол. Во 1200 г. митрополитот новогородски, г. Антониј, ги спомнува даровите на мудреците во една негова книга. По падот на Kонстантинопол, светоста е пренесена на Света Гора

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1