Еден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа на патот Суботица- Белград, соопшти денеска новосадската полиција, пренесува Блиц.
С.М. (46) со автомобил марка “фолксваген“ излетал од патот, удрил во заштитната ограда, па во бетонски столб, по што им подлегнал на повредите.
Во несреќата која се случила вчера, полесно се повредени двајца патници, кои биле со него во автомобилот.