Македонец загина во сообраќајка во Србија


makedonacЕден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа на патот Суботица- Белград, соопшти денеска новосадската полиција, пренесува Блиц.

С.М. (46) со автомобил марка “фолксваген“ излетал од патот, удрил во заштитната ограда, па во бетонски столб, по што им подлегнал на повредите.

Во несреќата која се случила вчера, полесно се повредени двајца патници, кои биле со него во автомобилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1