Заразени кеси за инфузија – починаа три бебиња


Смртта на трите бебиња поради заразени кеси за инфузија, предизвика огорчување во Франција. Истрагата е во тек, а целата серија заразени кеси од францускиот производител се повлечени од употреба

bebe555Французите се огорчени од веста дека три бебиња починале во една болница на југоистокот на земјата, затоа што кесите за инфузија биле заразени со смртоносна бактерија. Се проверуваат залихите од тие кеси во француските болници

Во болницата во Шамвери, се случи страшен инцидент во кој животот трагично го загубија три новороденчиња.
Причина за тоа е смртоносна бактерија со која биле заразени кесите за инфузија. Родителите ја тужат болницата за убиство поради небрежност, но тоа е мала утеха за нив.

-Страшно е што три бебиња мораа да починат за да се утврди дека кесите се заразени. Поминуваме низ страшно болни моменти. Бебињата ни се земени по грешка- огорчено говорат родителите.

Дека причина за смртта е бактерија од кесите за инфузија било утврдено кога и четврто бебе било заразено.

Не е соопштено за која бактерија станува збор, освен дека се работи за бактерија од окружувањето. Директорот на болницата рече дека сите кеси кои ги имаат се од истиот производител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1