Неврохирург додека бил во кома вели бил во рајот – еве како го опишува (ВИДЕО/ФОТО)


,,Немав никакви сеќавања на мојот живот на Земјата. Пред мене се создаде голема, вистинска врата, преминот беше полн со цвеќиња и насекаде имаше пеперутки, ангели летаа, а душите танцуваа. Таму имаше бои и надвор од спектарот на виножитото. Немаше страв, ниту каква  било болка, сведочи Ибен.,,

hirurg rajИбен Александер е американски неврохирург  и составен дел од неговата струка е да знае се што може да се знае за мозокот. Често го користел неговото знаење за со научни докази да ги побие тезите на оние кои тврдат дека се вратиле од задгробниот живот и сведочат за живот во рајот, пишува Фокс Њуз. Не ни очекувал дека еден ден и тој би можел да стане еден од нив.

Ибен во 2008 година се разболел од бактериски менингитис и неколку дена поминал во кома. Откако се разбудил од кома знаел дека бил во рајот. – Кога се разбудив се обидов сам да си објаснам се што видов од аспект на еден научник, неврохирург. Лекарите ми рекоа дека сето ова сум го доживеал затоа што сум бил многу болен и мојот ум си поиграл со мене. Но не верувам во тоа. Се изгледаше превистинито за да биде плод на мојата фантазија, рече Ибен.

На прашањето како знаел дека бил во рајот, Ибен одговара многу опширно.

nevrohirurg raj– Патот по кој одев беше многу долг и немав никакви сеќавања на мојот живот на Земјата. Одеднаш пред мене се создаде голема, вистинска врата, преминот беше полн со цвеќиња и насекаде имаше пеперутки, ангели летаа, а душите танцуваа. Таму имаше бои и надвор од спектарот на виножитото. Тоа место беше цело со блаженство и љубов на Творецот. Немаше страв, ниту каква  било болка, сведочи Ибен.

На враќањето во неговото тело и овоземскиот живот, рече, дека не се сеќава, но верува дека е поврзано со молитвите кои целодневно ги молеле неговите најблиски, покрај неговиот болнички кревет. Вели дека после ова случување повеќе се свртел кон верата, но рече и дека спознал една важна работа.

– Разбрав дека не постои една вистинска религија. Тоа е погрешно сфаќање. Се се врти околу сочувството, простувањето и давање вера во изворот на создавањето на се, рече Ибен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1