Ќе никне нова Систина до воена болница – Орце Камчев ја купи државната парцела до воената болница


Друштвото за трговија и услуги за медицинска опрема „Систина фармација“ од Скопје е новиот сопственик на парцелата од 11.207 метри квадратни во кругот на Градската болница „8-ми Септември“, меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“. Парцелата државно неизградено земјиште кај поранешната Воена болница беше продадена по пат на јавно надавање на трети јануари годинава, а на него ќе се гради приватна болница, пишува Либертас.

 orce kamcevКако што информираат од Општина Карпош, на јавното наддавање учествувале три заинтересирани страни. Една приватна фирма, „Европската очна болница“ и „Систина фармација“ која била и најповолен понудувач. Фирмата го добила земјиштето по цена од 3.060 денари за метар квадратен, односно вкупно за него платила 557.616 евра.

Маркичката за планираната градба, освен за здравствени дејности, дозволува компатибилни класи за намена на хотелски комплекс, мали комерцијални и деловни дејности и за спорт и рекреација. Приватната болница ќе се состои од приземје и пет ката, а нејзината висина до венец ќе изнесува 21 метри.

Инвеститорот има рок од 12 месеци да обезбеди градежна дозвола по што ќе започне изградбата на објектот. Огласот за продажба на оваа градежна парцела беше објавен на почетокот од декември минатата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1