Проститутката која работи за ФБИ (Фото)


Ребека Вудард (37), самохрана мајка и поранешна работничка на елитна агенција за деловна придружба, од полицискиот инспектор во 2008 година добила понуда која не можела да ја одбие.

rebeka-vudard-prost-03

Се согласила да биде ослободена од обвинението за проституција, а за возврат да работи како таен агент и да собира информации врз основа на кои подоцна биле уапсени нејзините поранешни шефици Ана Гристина (45) и Кристин Дејвис (38).

Деталите ги изнела во нејзината биографија која беше објавена вчера, а го носи името Call Girl Confidential.

„Тоа беше како сексуална робија под наредбата на Локалното обвинителство на Менхетн. Морав да им ги предадам сите пари и подароците кои ги добивав од клиентите. Обвинителот буквално стана мој сводник“ – наведува Ребека во мемоарите.

rebeka-vudard-prost-01

После тајниот договор, таа продолжила да ги услужува клиентите, меѓу кои имало и принцеви, медиумски магнати и азиски милионери, но и њујоршкиот гувернер Елиот Шпицер, кој неодамна ја напушти земјата поради големиот медиумски притисок откако Ребека го обвини дека физички ја злоставувал кога му била „придружничка“

Единствената разлика била во тоа што носела микрофон „бубачка“.

„Првиот пат кога бев озвучена, многу лесно можеше да биде и последен. Ана неочекувано ми побара да се соблечам пред неа и клиентот со кого ја договараше зделката.

Едвај успеав да се извлечам, а подоцна ’бубачката’ ја носев во чантата“ – пишува Ребека Вудард.

Двократната улога на ескорт девојка и таен агент Ребека Вудард ја играла до 2011 година, кога шефицаta Кристин Дејвис е лишена од слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1