Боби Кристина Браун – Ќерката на Витни Хјустон, на социјалната мрежа Твитер откри дека се омажила за Ник Гордон, кој нејзината покојна мајка, го одгледуваше како свое дете од неговата 12 година.
Среќно венчани и многу заљубени, се пофали ќерката на покојната Витни на Твитер и објави слика од прстенот.
– Да, Ник и јас се венчавме. Веќе сум уморна да ги слушам сите како тоа не е во ред и како мојата мајка не би го одобрила, вели Кристина.