Амди Бајрам немал срцев удар туку течност во срцето – веќе 1 недела лежи на кардиологија


Лидерот на Сојузот на Ромите на Македонија Амди Бајрам немал срцев удар, туку на Кардиологија лежи веќе една недела.

amdibajramПлусинфо објавува дека пратеникот ги примил своите најблиски утрово, кога бил видно истоштен.

– Многу ме вознемири веста која вчера и завчера ја објавија некои медиуми, а никој не ја проверил, а во која се велеше дека завчера сум пренесен на Кардиологија поради срцев удар. Тоа е лага. Јас на одделението сум веќе седми ден. Седум дена лежам во болница, но за среќа, арен сум. Денеска ги чекам деталните анализи за да видиме што ќе каже доктор Сашко Кедев. Ми кажаа дека сум имал течност во срцето, и ќе минам со коронографија. Уф, мори мајко. Тоа ти е брат – изјави за Плусинфо пратеникот Бајрам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1