По 17,18 часа исчекување, напнатост и постојани одлагања, македонската машка ракометна репрезентација, како и целосната експедиција некаде околу полноќ пристигна на Билунд аеродромот во Данска со чартер лет од Софија.
Авионот кој требаше да полета во 9 часот изутрина од Скопје, дури во 20:50 од софискиот аеродром без проблеми и со одлична видливост полета за Скандинавија, се вели на сајтот lazarovkiril7.com .
По пристигнувањето во Билунд, потребен беше уште неполн час автобуски превоз до Хернин, каде се сместени нашите ракометари. Се до 15 часот, ракометарите чекаа маглата да го напушти скопскиот аеродром Александар Велики, но откако сите полетувања и слетувања за денес беа одложени, последна опција во текот на денот да се стигне до Данска, беше пат до Бугарија.
Агенцијата која го организираше чартер летот „Пилот Травел„ даде се од себе во ургентна ситуација што побрзо да се стигне до целта, а и нашиот спонзор „Пелистерка„ има големи заслуги за нашето присуство на лице место на големиот настан.
Уморни ракометарите наидоа на пријатен лет во кој доминираа македонските знамиња и црвено-жолтата боја. За крај екипажот и капетанот порачаа: „Ние сме швеѓани и затоа утре победете ги данците„ Па нека биде така….