Вино и Кукурек го отруле Алексанадар Македонски?


Александар Велики Македонски најверојатно починал како последица на труење со токсчична билка со која било зачинето виното што го пиел, тврдат новозеландски научници.

aleksandar makedonskiЕден од најголемите војсководци во историјата починал во 323 година пред новата ера, на 33-годишна возраст, по 12-дневна агонија, за која многумина историчари сметаат дека била предизвикана од треска.

Но, како што наведува „Дејли Мејл“, истражувачи од Универзитетот „Отаго“ на Нов Зеланд сега тврдат дека виното што го пиел Александар Велики било зачинето со билка, која со ферментација станува смртоносен отров.

Шефот на истражувачкиот тим, Лио Шеп, токсиколог од новозеландскиот Национален центар за отрови, смета дека билката со која бил отруен Александар е кукурекот (helleborus), односно нејзиниот цвет.

1097620-kukurekСпоред него, теориите за труење со аресeн или стрихин не се реални, бидејќи во таков случај смртта би настапила многу брзо. Шеп смета дека во античко време било добро познато оти цветот на кукурекот помешан со вино станува отров.

Кукурекот е зелеста билка со зелени листови, а неговите цветови можат да се најдат во 20 различни бои. Кукрекот вообичаено расте во борови или букови шуми, но се користи и како саксиско цвеќе. Бидејќи спаѓа во групата на отровни билки, кукурекот се користи само како украсно растение.

Kurir

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1