ФОТО: На македонските репрезентативци судена им е голгота (Фото)


По 17,18 часа исчекување, напнатост и постојани одлагања, македонската машка ракометна репрезентација, како и целосната експедиција некаде околу полноќ пристигна на Билунд аеродромот во Данска со чартер лет од Софија.

20140111_235803Авионот кој требаше да полета во 9 часот изутрина од Скопје, дури во 20:50 од софискиот аеродром без проблеми и со одлична видливост полета за Скандинавија, се вели на сајтот lazarovkiril7.com .

По пристигнувањето во Билунд, потребен беше уште неполн час автобуски превоз до Хернин, каде се сместени нашите ракометари. Се до 15 часот, ракометарите чекаа маглата да го напушти скопскиот аеродром Александар Велики, но откако сите полетувања и слетувања за денес беа одложени, последна опција во текот на денот да се стигне до Данска, беше пат до Бугарија.

20140111_231841Агенцијата која го организираше чартер летот „Пилот Травел„ даде се од себе во ургентна ситуација што побрзо да се стигне до целта, а и нашиот спонзор „Пелистерка„ има големи заслуги за нашето присуство на лице место на големиот настан.

Уморни ракометарите наидоа на пријатен лет во кој доминираа македонските знамиња и црвено-жолтата боја. За крај екипажот и капетанот порачаа: „Ние сме швеѓани и затоа утре победете ги данците„ Па нека биде така….

lazarovkiril7.com

20140111_232011

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1