2 Ден водата без вода – загадена од хемикалии во Западна Вирџинија


Околу 300 илјади жители на Западна Вирџинија минаа втора по ред ноќ без можност за какво било користење на водата од водовод откако се излеаја хемикалии во реката Елк.

fracking-water-recycling.jpeg3-1280x960Гувернерот Ерл Реј Томблин прогласи вонредна состојба во девет окрузи,а претседателот на САД, Барак Oбама синоќа донесе декларација за вонредна состојба.

Поради излевањето хемикалии во главниот и најголем град во Западна Вирџинија, Чарлстон не работат школите и фирмите.

Излевањето хемикалии се случи во четвртокот од цистерна на компанијата Фридом индастриз од Чарлстон која произведува специјални хемикалии за рудници, железари и цементари. До синоќа 737 луѓе побарале помош од здравствените власти заради симптоми поврзани со загадена вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1