Идеална вечер за војводката од Кембриџ, Кетрин е да подготвува вечера на својот сопруг, принцот Вилијам.
Таа изјавила дека воопшто не сака да посетува ноќни клубови и дека и најубаво дома, кога ќе му зготви специјалитет за вечера на нејзиниот љубен.
„Некои може да кажат дека тоа е малку досадно, но тие сакаат да ги минуваат вечерите токму така. Неодамна го видов Вилијам и тој е толку многу среќен. Тие не посетуваат ноќни клубови и воопшто не се заинтересирани за забави. Едноставно уживаат во своето време заедно. Кејт неодамна беше во продавница за да купи пилешко месо, што требаше да го однесе дома за да му го зготви на Вилијам за вечера. Тоа е нивната претстава за идеалната вечер.”, откри добро упатен извор за списанието Венити Фер.
Целото кралско семејство е многу среќно од начинот на кој се развиваат работите по свадбата.
„За прв пат во Виндзор владее среќа. Чарлс и Камила се вистински среќни. И Вилијам е среќен, бидејќи ја најде вистинската личност со која ќе ја дели својата иднина”, додава изворот.