Трагедијата се случила на бразилската плажа во близина на познатото бразилско одморалиште Гуарија додека целото нејзино семејство и пријателите очајно се обидувале да и помогнат, но било предоцна. Сестра на починатата, која во моментот на несреќата стоела крај Росанџела, добила модринка на окото од ударот.
Фотографот кој случајно се нашол на самото место, ја фотографирал страшната несреќа. На првата фотографија се гледа како Росанџела трча кон океанот со раширени раце, обидувајќи се да ги предупреди децата. Следната фотографија го фатила кобниот момент. Тројца мажи, меѓу кои и нејзиниот сопруг, ја извлекле на плажата.