Мајка убиена од гром пред семејството и пријателите на плажа (Фото)


36-годишната мајка Росанџела Биавати се обидела да ги натера својот 11-годишен син и својот внук да излезат од водата бидејќи се подготвувало невреме. Кога влегла во океанот била погодена од гром. Починала на самото место.

Grom-Brazil-5Трагедијата се случила на бразилската плажа во близина на познатото бразилско одморалиште Гуарија додека целото нејзино семејство и пријателите очајно се обидувале да и помогнат, но било предоцна. Сестра на починатата, која во моментот на несреќата стоела крај Росанџела, добила модринка на окото од ударот.

Фотографот кој случајно се нашол на самото место, ја фотографирал страшната несреќа. На првата фотографија се гледа како Росанџела трча кон океанот со раширени раце, обидувајќи се да ги предупреди децата. Следната фотографија го фатила кобниот момент. Тројца мажи, меѓу кои и нејзиниот сопруг, ја извлекле на плажата.

grom 77

grom111

Grom-Brazil-3 Grom-Brazil-4

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1