Потврдена пресуда: Tито Петковски ќе плати 10 илјади евра за навреда на премиерот


Претседателот на НСДП Тито Петковски ќе треба да му исплати 650.000 денари на премиерот Никола Груевски, затоа што ја нарушил неговата чест и углед.

grujo-titoСкопскиот апелациски суд во целост ја потврди првостепената пресуда со која Петковски треба да исплати отшета, потврдуваат за МТВ од апелацискиот суд.

Груевски го тужеше Петковски за клевета објавена во неделникот „Фокус“. Авторот на текстот ја пренесе изјавата на Петковски кој рекол дека непосредно пред одржувањето на Самитот на НАТО во Букурешт, премиерот Груевски испратил писмо до генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун со кое го прифаќа предлогот на медијаторот Нимиц за промена на уставното име – Република Македонија (Скопје).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1