Фејсбук тоне? 11 милиони млади го напуштиле – бегаат од родителите


Повеќе од 11 милиони тинејџери и студенти го напуштиле Фејсбук од 2011 година. Овие бројки се објавени во истражувањето на дигиталната лабораторија iStrategy, која ги користи податоците на Фејсбук од платформата за огласување.

Facebook's Influence In Consumer Consumption Of News GrowingЕкспертите веруваат дека младите луѓе во се поголем број ја напуштаат оваа социјална мрежа и се зачленуваат во други популарни сервиси како WhatsUp, Snapchat, Twitter и други.

Според податоците на iStrategy,Фејсбук има 4.292.080 помалку средношколски корисници како и 6.948.848 помалку студенти отколку во 2011 година.

На крајот на минатата година, акциите на Фејсбук вртоглаво паднаа откако главниот финансиер на Фејсбук призна дека тинејџерите губат интерес за некогаш популарната мрежа. Фејсбук досега не објавил официјални податоци за моменталната бројка на корисници – тинејџери, ниту бројката на млади кои го напуштиле овој сервис.

Истражувањето покажува дека младите денеска сакаат да објавуваат „селфи“ фотографии со информации за училиштата во кои одат, градот каде живеат, па дури и својот мобилен телефон, пишува „Јутарњи лист“.

Тинејџерите во истражувањето откриле и зошто го напуштиле Фејсбук. „Одиме на Твитер и Инстаграм, зашто нашите родители не ги користат, тие само се на Фејсбук“, објаснила една девојка (19). Фејсбук има повеќе од милијарда корисници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1