Уапсен инспектор од пазарна – Се заканувал на фирма за компјутери


Пазарен инспектор делел закани. Попладнево доби лисици на рацете. Полицијата го  уапси на неговото работно место по пријава од фирма за компјутери од Скопје.  За злоупотреба на службената положба инспекторот ќе заработи кривична пријава, јавува Сител.

pazarnaКористејки ја позицијата, а со намера да му погне на својот пријател заминал со него во фирмата од која го купил компјутерот. Пријателот се жалел дека е расипан но не прифаќал да му го поправат. Ги побарал парите дадени за него, а откако не му ги вартиле на сцена стапил инспекторот. Во продажниот салон се заканил дека ќе ги испрати колегите ако не ги добијат парите назад.

По пријавата од компанијата полициските инспектори велгоа во пазарната инспекција. Неколку часа зад затворените врати во канцеларијата на осомничениот се вршеше разговор. По завршувањето на работното време, откако заминаа колегите, инспекторот беше пренесен во полициска станица. На распитот пред јавен обвинител, осомничениот инспектор ќе треба да ја даде својата одбрана. Обвинетилот ќе одлучи дали ќе се брани од слобода или ќе заработи  притвор.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1