Избегната трагедија на аеродромот во Скопје – Од селото Петровец му светеле со ласер во очи на пилотот


Малку фалело да се случи трагедија на скопскиот аеродром Александар Велики, откако пилот на превозникот Визер бил заслепен додека слетувал на пистата.

viz air avionКако што јави Press24 повикувајќи се на свои извори, попладнево околу 16 часот, пилотот на Визер во моментот кога го спуштал авионот на пистата во Скопје, се уште непознато лице почнало да му свети со ласер во очите.

Ласерскиот зрак доаѓал од правец на селото Петровец. Пилотот за среќа останал присебен и усепал да го спушти леталото, па се поминало без проблеми.

Случајот го пријавил во контролата на летање, која ја известила полицијата. Од МВР за Press24 го потврдиле случајот и најавуваат мерки за негово расветлување.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1