Повеќе од 300 полицајци, крајбрежната стража, хеликоптери и кучиња трагачи се вклучија во потрагата за три годишниот Микаел Кулар од Единбург

Микаел Кулар последен пат е виден во средата на вечерта кога неговата мајка го заспала околу 21 часот. Кога утрото во 7 часот и 20 минути дошла во неговата соба, детето не било таму.
Пребарала секаде но од него немало ни трага ни глас.
Детето има уште четири браќа и сестри, од кои една близначка, високо е 90 сантиметри, на себе има бела јакна со капа и сиви чевли.
Потрагата се проширила на цела Велика Британија, а во целта на истрагата, отворена е и посебна линија за сите оние кои знаат нешто за ова момче.
