Спасени планинарите – 2 се со полесни повреди


Благодарение на Горската служба за спасување и брзата интервенција на битолската полиција попладнево се спасени шест млади битолски планинари кои денеска исчезнаа на Мало езеро на Пелистер

planinari2 од шестемина  планинари при слегувањето  од местото викано Мало езеро паднале и притоа  се повредиле, но некако успеале да стигнат до подножјето на Пелистер. Останатите четворица планинари  ги фатило паника  и кога виделе дека изгубиле ориентација каде се наоѓаат се јавиле во битолската полиција и побарале помош.

Веднаш на Пелистер се упати  полициски  хеликоптер кој со членовите на Горската служба успеа доцна попладнево  да ги извлече изгубените планинари, кои се  транспортирани во  битолската болница и според последните информации се чувствуваат добро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1