Над 200 вер­ни­ци в не­де­ла ќе ско­ка­ат по кр­стот во Вар­дар – најмладиот 16, најстариот 67 години


Спа­су­ва­чи­те апе­ли­ра­ат до кан­ди­да­ти­те да не вле­гу­ва­ат пред­вре­ме во во­да, да има­ат ле­сен по­ја­док нај­мал­ку час и по­ло­ви­на пред да се ка­пат, ка­ко и да не пи­јат ал­ко­хол и да не се за­гре­ва­ат со топ­ли на­пи­вки

vodici krstБо­го­јав­ле­ние-Во­ди­ци е еден од нај­го­ле­ми­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци и еден од нај­ма­сов­ни­те со­би­ри на кои скоп­ја­ни и жи­те­ли­те на дру­ги­те гра­до­ви се обе­ди­ну­ва­ат во ед­но вер­ско праз­ну­ва­ње. Се ве­ру­ва де­ка оној што ќе го фа­ти по­ло­же­ни­от крст во осве­те­ни­те во­ди це­ла го­ди­на ќе го сле­дат сре­ќа и бе­ри­ќет. Оваа го­ди­на нај­среќ­ни­от од ма­ни­фе­ста­ци­ја­та за Во­ди­ци ќе до­бие бесп­лат­на го­диш­на претп­ла­та од днев­ни­от вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. За си­те дру­ги учес­ни­ци ќе има бесп­лат­на ме­сеч­на претп­ла­та од вес­ни­кот.

Тим од еди­ни­ца­та за спе­ци­јал­ни за­да­чи за­ед­но со Цр­вен крст че­кор по че­кор го пре­ба­ру­ва­ше дно­то на ко­ри­то­то на ре­ка­та Вар­дар, ка­де што в не­де­ла точ­но нап­лад­не ќе поч­не ма­ни­фе­ста­ци­ја­та за нај­го­ле­ми­от хри­сти­јан­ски праз­ник Бо­го­јав­ле­ние-Во­ди­ци. Тра­ди­ци­о­нал­на­та бо­го­јав­лен­ска ли­тур­ги­ја ќе поч­не во 9 ча­сот, во цр­кви­те „Св. Ди­ми­три­ја“ и „Св. Бо­го­ро­ди­ца“ во Скоп­је, по што пог­ла­ва­рот на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, г.г. Сте­фан, за­ед­но со све­ште­нос­лу­жи­те­ли­те и вер­ни­ци­те со ли­ти­ја, ќе из­ле­гу­ва од „Св. Бо­го­ро­ди­ца“ и ќе се упа­ти кон мо­стот кај хо­те­лот „Хо­ли­деј ин“, ка­де што ќе ги осве­ти во­ди­те на Вар­дар.

Од 16 до 67 го­ди­ни

Оваа го­ди­на се има­ат при­ја­ве­но над 200 вер­ни­ци, ме­ѓу нив и ка­па­чи што со де­це­нии ско­ка­ат по осве­те­ни­от крст, но и по­чет­ни­ци што до­се­га ни­ко­гаш не учес­тву­ва­ле. Најм­ла­ди­от кан­ди­дат што се има при­ја­ве­но на оваа ма­ни­фе­ста­ци­ја е шес­на­е­се­т го­диш­ни­от Љу­би­ша Мар­ко­виќ. А, пак, нај­ста­ри­от учес­ник што го­ди­на­ва ќе тра­га по кр­стот е ше­е­сет и се­дум­го­диш­ни­от Ни­ко­ла Ман­чев, кој ве­ќе се­дум го­ди­ни по ред учес­тву­ва на Во­ди­ци.

Но­ва Ма­ке­до­ни­ја

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1