Како Фејсбук и Твитер растураат бракови и врски?


Социјалните мрежи одамна станаа популарни делови од нашите животи. Без разлика на тоа дали сме во врска или во брак, сите лајкуваме и следиме и кога треба, но и кога не треба, поради што можеме да бидеме во неволја

fejs dislikeИстражувањата покажуваат дека виновник за секој петти развод е Фејсбук, но ниту Твитер не е подобар. Виртуелниот свет во нас ги буди „црвите“ на љубомора и сомнеж, што навистина може да не одведе до лош исход.

Еве на кој начин овие две социјални мрежи го разоруваат врските и браковите.

Фејсбук

Ако не сте некој познавач и немате преголеми нерви да ги анализирате сите опции на Фејсбук, црно ви се пишува. Оваа социјална мрежа според почетните подесувања е премногу отворена.

Секој меѓу вашите пријатели може да ви види апсолутно се- и тоа не само статуси, постови, музика или фотографии, туку и оние работи кои сте биле убедени дека се целосно приватни.

За жал, ако лајкувате некои разголени фотографии, или на некој згоден дечко му коментирате за доброто тело, вашата подобра половина може тоа да го види на тикерот, онаа мала подвижна лента од десната страна, која ве известува за тоа кој што работи и колку е активен.

Исто така може да се види за кој настан сте прифатиле да одите, а при тоа сте го излажале вашиот партнер дека ќе „заглавите“ на работа.

Вие имате можност во подесувањата да наместите кој од вашите пријатели, што да види, но ќе ви требаат часови и денови одека да научите која опција како работи.

Твитер

Со Твитер работите стојат поинаку, но не многу затоа што шпионажата е многу лесна.

Ако вашиот партнер има профил на оваа социјална мрежа, можете да видите што таа личност „фејвувала.“ на Твитер може да се види и со кого таа личност разговарала.

Ако сте личност, која има двоен живот, во тој случај добро внимавајте, затоа што преку социјалните мрежи, секој може да види што сте правеле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1