Ивана Ковач (33),ќерката на хрватскиот пејач Мишо Ковач, во интервјуто за „Јутарњи лист“ раскажува дека едвај се „симнала“ од дрогата, како и дека од наркоманскиот пекол никогаш немало да се извлече без помошта на нејзиниот татко!
Објаснува дека почнала да користи наркотици во 1999 година, кога татко и се обидел да изврши самоубиство. Прва реагирала нејзината мајка Анита која приметила дека нешто не е во ред со Ивана, а потоа се ангажирал и Мишо и неговата сегашна сопруга Лидија. Пејачот ја однел ќерката во болница, а потоа ја натерал да отиде во комуна во Чиово.
Се извлеков, но не беше воопшто лесно. Можам да речам дека за мене пресуден беше стравот од враќањето во комуната кој ме освести“, кажала Ивана која во комуната поминала две години.
Ивана беше и дел од популарниот „Магазин“ , а со својот татко Мишо има снимено неколку дует песни меѓу кои „Твоја малечка “.