Копилотот го киднапирал авионот на „Етиопиан ерлајнз“ (Видео)


Човекот кој денеска киднапира авион на етиопската компанија Етиопиан ерлајнз и принудно слета на аеродромот во Женева, е копилотот, соопшти полицијата.

etiopian avionПортпаролот на женевскиот аеродром изјави дека копилотот го искористил моментот кога капетанот на авионот бил во тоалет и презел команда врз леталото.

– Копилотот рекол дека „не се чувствува безбедно во својата држава и оти ќе побара азил во Швајцарија“, додаде портпаролот.

Авионот летал на релација Адис Абеба – Рим и слета принудно во Женева во шест часот по локално време. Киднаперот е уапсен и никој од патниците не е повреден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1