Кој сум по ред што го допира лебот?


Не ретко, на зелените пазари и во маркетите потрошувачите ги допираат лебот, овошјето, зеленчукот, месото,…, ги притискаат, мирисаат, а потоа ги враќаат на истото место. Продавачите, пак, често, едновремено послужуваат и наплаќаат, ги „пипаат“ и производите и парите без да ги измијат рацете, пишува Миа.

leb3Нема статистика која може да каже колку луѓе завршиле на инфективна клиника поради купување храна контаминирана од нечисти раце иако се бројни случаите на заболени од жолтица, цревни инфекции, стомачен тифус,…

Колку луѓе го допираат лебот пред да дојде во продавница?

Според истражувањата, лебот „минува“ низ најмалку 40 раце пред да дојде до крајниот потрошувач.

Првиот контакт е „на нива“, уште при жетвата, следен „ризик“ е складирањето, пакувањето, транспортот до пекарниците, истоварот… Процесот продолжува со контакт при месењето, печењето, вадењето од фурна. Нова серија „контаминација“ е доставата на лебот до продажните места и неговото редење на полиците. Кругот се затвора со „пипкањето“ на купувачите кои проверуваат дали е тазе, крцкав, топол…

leb2Патот до трпезата финишира со наплатата, кога касиер(к)ите уште еднаш го допираат.

Слично е и со земјоделските производи и со месото.

Вообичаено е, велат, и продавачот пред да го послужи купувачот, да му враќа кусур на оној пред него, фаќајќи ги притоа парите со голи раце. И продавачите потврдуваат дека во текот на денот допираат и пари и прехранбени производи, но не секогаш имаат време да ги измијат рацете.

Од Агенцијата за храна уверуваат дека и доколку евентуално свежото месо се послужува со раце, без ракавици, нема речиси воопшто ризик, бидејќи по колењето, трупот се остава да виси во посебен дел од кланицата за да фати покожица која е вид бариера за микроорганизмите.

Според законските прописи, вработените во кланиците, пекарите и продавачите два пати годишно мора да поминат здравствена контрола но, тоа не е гаранција дека е запазена потребната елементарна хигиена.

повеќе на – Миа

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1