Педофил одел по бајачка за полесно да го силува девојчето


Вчера Србија и Балканот останаа без зборови, откако српските медиуми ја објавија веста за педофилот, кој одел на бајачки за да може “срната” која му паднала на око да ја допре и почувствува.

dete pedofilВерувале или не, но овој педофил се обидел да ги задоволи своите сексуални нагони, но не можел да ја силува жртвата и да ја задоволи својата ненаситна душа. Според податоците од српските медиуми, се работи за 31-годишниот Д.Т. кој бил буквално опседнат со девојче кое има дванаесет години и е шесто одделение, па по неуспешниот напад и ги зел телефонот, неколку прстени и чорапите и ги однел кај бајачка, за да најде решение на неговиот проблем, и да му најде начин за да може да и се доближи.

Како што пренесоа српските медиуми, Д.Т. се обидел да ја силува малолетничката минатата година. Се сокрил во близина на училиштето каде оди на настава девојчето и ја чекал да заврши со часови. Кога поминала тој ја зграбил и се обидел да ја силува, но девојчето успеало да се извлече од канџите на педофилот и да им раскаже на родителите што се случило, по што тие случајот веднаш го пријавиле во полиција.
Инаку, осомничениот сам се пријавил во полицијата во Зајечар минатата среда.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1