По гаќите, забрана и за пиперките – Нема веќе везенки обесени на тераса


Станарите чии тераси гледаат на улица или кон некој плоштад, на жиците и оградата не смеат да простираат алишта, завеси, постелнина и теписи, предвидува новата Одлука за комунален ред на Град Скопје.

terasaНа терасите, исто така, не смеат да се оставаат предмети со кои се нагрдува изгледот на објектот, како на пример стари плакари и стари апарати за домаќинство, да се гледаат тегли со слатко, ајвар, обесени сушени пиперки, а граѓаните не може ниту да интервенираат на фасадата по сопствено убедување и без одобрение од надлежен орган, пишува Дневник.

На прозорците, балконите, терасите или на оградите може да чуваат само саксии со цвеќе и други растенија, но само ако не го оштетуваат објектот и не влијаат на безбедноста на граѓаните и на сообраќајот. Ако терасата е натрупана со стар мебел и апарати, комунален инспектор со налог може да го натера сопственикот да ја исчисти.

Kонечно, градската власт го регулира и проблемот со клима-уредите и од ова лето течноста од нив не смее да капе на надворешните делови на самиот објект или на соседен објект, ниту директно да се излева на тротоар.

Истите прописи ќе важат и за дворните површини во куќи и во згради, кои се со поглед на главна улица, булевар или плоштад.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1