И црквата ќе плаќа данок во Хрватска


Во Хрватска иницијатива на министерот за финансии Славко Линиќ, е процесирана во хрватското собрание. Владата упати предлог-закон во парламентарна процедура, а суштината е досегашниот систем на оданочување да се прошири и на непрофитабилните организации. Притоа, посебно се апострофирани црквата и спортските друштва, кои досегашната даночна легислатива ги заобиколуваше.

hrvatska eu 3Со новиот закон даночно ќе бидат третирани сите непрофитабилни организации што имаат годишен промет над 30 илјади евра. Се воспоставува и категоризација на организациите според која тие што имаат промет над милион евра ќе се соочат со сериозни ревизорски проверки и постапки, што досега не беше случај. Новиот закон остава разработено поглавје во кое прецизно се толкува дека непрофитабилните организации, пред сѐ црквата и спортските друштва, доколку прават годишен финансиски промет над пропишаните норми, имаат право и обврска да направат фирма, која би функционирала според позитивните финансиски и даночни прописи, иако е оставен и простор за извесни олеснувања, кои би се наметнале во идната практика.

Од Министерството за финансии укажаа дека оданочувањето и ревизорските постапки нема да се однесуваат на приходите што непрофитабилните организации и друштва ги стекнуваат врз основа на издавање или закуп на недвижнини. Имено, тој вид услуги ќе бидат ослободени од данок.

Голем дел од јавноста процесирањето на новиот закон за оданочување го прими со одобрување, бидејќи енормните приходи на црквата и на другите непрофитабилни организации во Хрватска веќе долго се под лупа на финансиските институции. Тие се маркирани и оценети како можни легла на финансиски махинации и дубиози, па со новиот закон конечно би бил воведен ред во таа област, која досега не беше опфатена со даночна регулатива.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1