НАТО повика на распоредување меѓународни набљудувачи во Украина


НАТО во неделата ги повика Русија и Украина да побараат мирно решение на судирот низ дијалог и на распоредување на меѓународни набљудувач, изјави генералниот секретар на алијансата Андерс Фог Расмусен.NATO„Тоа распоредување би се одвивало под покровителство на Советот за безбедноста при Обединетите нации или Организацијата за европска безбедност и соработка ОБСЕ”, прецизирал генералниот секретар Андер Фог Расмусен по состанокот со амбасадорите на 28-те земји членки на НАТО.

Дел од состанокот на беше одржан во присуство на претставник на Украина, земја со којашто НАТО има потпишано договор за партнерство, како и со Русија.

Расмусен изјави дека НАТО има намера да разговара со Русија преки Советот НАТО – Русија. Прецизираше дека неколку земји членки го побарале состанокот меѓу претставниците на алијансата и Москва.

„Ја осудуваме секоја војна ескалација на Крим”, изјави Расмусен во неделата навечер по состанокот во седиштето на алијансата во седиштето во Брисел кој траеше девет часа.

Според него, руското воено ангажирање во врска со Украина претставува кршење на меѓународното право и е спротивно на принципите на Советот НАТО – Русија и Партнерството за мир, програмата на Алијансата со земјите од поранешниот Советскиот сојуз.

„Ја повикуваме Русија да ги смири тензиите. Ја повикуваме да ги почитува своите меѓународни обврски, да ги повлече своите сили во базите и да не интервенира на дури места во Украина”, додаде Расмусен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1