Четириесет и девет годишниот бизнисмен Горан Даскалов е мажот кој претпладнево беше пронајден мртов во викендица во излетничката населба Суитлак во Штип.
Од полицијата го потврдуваат идентитетот, но причините на смртта ќе бидат познати по завршување на обдукцијата.
Неофицијално станува збор за самоубиство, а како што дознава Курир до неговото безживотно тело бил пронајден и пиштол, кој е подигнат од местото.
Официјалните информации за тоа како настапила смртта кај Даскалов ќе се знаат по резултатите од извршената обдукција.
Даскалов беше член на Управниот одбор на Текстилен кластер, а до пред една година претсетдател на ФК „Брегалница“.
Kurir.mk