Целиот интернет го контролираат само 14 луѓе


Звучи неверојатно, но вистина е, целиот интернет го контролираат 14 луѓе кои имаат само 7 клучеви до „интернетот“.

A smartcard is handed over„Гардијан“ прируствувале на церемонијата на менување на лозинката која се одвива четирипати во годината. Луѓето кои присуствуваат на церемонијата се членови на организација наречена ИЦАНН (ICANN – Internet Corporation for Assigned Names and Numbers). Оваа организација е задолжена за доделување на интернет-адреси на страниците и компјутерите и нивно преведување во нормални адреси кои луѓето ги внесуваат во прелистувачот.

Кога некој би ја добил контролата на базата на податоци на организацијата, таа личност би го контролирала интернетот. Од друга страна, доколку се случи катастрофа, базата на податоци на организацијата би требала да биде одново изградена.

Two safes in a cageЗа да се одбегнат несакани настани, организацијата не сакала да ја додели моќта на само една личност. Токму затоа, таа одбрала седуммина кои ги чуваат клучевите и уште седуммина кои чуваат резервни клучеви. Тоа се 14 луѓе кои го имаат клучот до целиот интернет.

Овие клучеви отклучуваат кутии насекаде низ светот. Во овие кутии има паметни картички. Кога овие картички ќе се спојат се добиват еден главен клуч. Овој клуч е компјутерски код, на некој начин лозинка, кој има пристап до базата на податоци на организацијата.

Од 2010, четирипати во годината се одржува церемонија за промена на лозинката, односно добивање нов главен клуч. Церемонијата е екстремно формална.

„Гардијан“ го имаат видеото од церемонијата.

 

Fakulteti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1