Во следните неколку денови регионот на Македонија ќе биде под влијание на Црноморска депресија, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради тоа, како што објаснуваат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно и релативно свежо за овој период од годината ќе има повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег.
Засилување на ветерот од север се очекува за викендот, особено повеќе в недела, што ќе предизвика извесно опаѓање на температурата на воздухот.
Температурите ќе се движат од пет до 15 степени.