Хрват освои злато па сега се враќа на работа како конобар


Хрватска досега на Олимпијадата во Лондон освоила две златни медали, а еден од освојувачите е Џовани Церногораз, кој беше најдобар во стрелаштво.

„Горд сум поради дочекот. Не го очекував сето ова. Прекрасно е што можам да си го видам семејството после толку време. Токму на нив им го посветувам овој медал. Ова е доказ дека целиот труд се исплател. Ова ми е прв настап на Олимписките игри, а верувам дека нема да биде ниту последен“, изјави Церногорез.

Јунакот на Хрватска се надева дека нема да мора веднаш да се врати на вообичаните работи.

„Па се надевам дека моите родители нема одма да ме тераат да работам. Заслужив некоклу дена одмор, па потоа ќе продолжам со келнерството, нешто што го работев и досега“, изјави Церногорез, кој работи во ресторан кој е во сопстевност на неговите родители.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1