Патниците шокирани: На пресечено авионско крило пишувало, „Ние знаеме за ова“


Патникот го фатила паника кога го здогледал натписот на крилото, кое што изгледало како оштетено, а на истото била напишано „Ние знаеме за ова“.


Патник од авиокмапнијата на Аласк Ерлајнс, останал шокиран кога на авионското крило здогледал порака, која што на тоа место, не би требало да биде напишана.

Патникот го фатила паника кога го здогледал натписот на крилото, кое што изгледало како оштетено, а на истото била напишано „Ние знаеме за ова“. Инцидентот кој што се случил на 28 јули предизвика голем број на реакции на друштевените социјални мрежи. Портпаролот на оваа авиокомпанија Боби Еган изјави дека натписот кој ги исплашил патниците бил напишан од страна на вработените кои што работеле на одржувањето и на тој начин им дале до знаење на колегите дека проблемот е евидентиран и дека нема причина за никаква загриженост. Натписот веднаш бил отстранет.

Овој не е единствениот инцидент кој што е поврзан со оваа авиокомпанија. Во последните месец дена, на социјалните мрежи се појави критика од страна на еден патник кој што бил шокиран од однеусвањето на вработените во оваа компанија.
Тој сведочел за нехуманото однесување на еден вработен кон човек кој што боледувал од Пакринсонова болест. Вработените не му помогнале да се качи на летот, по што истиот го пропуштил. Присилени од притисокот на јавноста, авиокомпанијата морала да му се извини и да му понуди бесплатна карта.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1