Доктор од Колумбија им помогнал на тројца нарко-босови да не бидат уапсени со тоа што ја лажирал нивната смрт.
Колумбиската полиција објави дека го уапсила докторот, Аугусто Гаљего, кој издал лажни документи за смртта на нарко – дилерот Камило Торес Мартинез, истото го направил уште за други двајца “босови“.
Откако бил уапсен Торес, попознат како Фританга, минатото лето на Карибите, полицијата се зачудила како може да е пријавен како мртов. Властите оттука ја започнале истрагата, и откриле дека истиот доктор им направил лажни документи на нарко-дилерите Хозе Алберто и Карлос Алберто Педраита Забата. Двајцата работеле за екс – лидерот на United Self-Defense Forces of Colombia, Карлос Хименес Наранхо, алијас Макако, кој скоро беше екстрадиран во Колумбија.
Докторот кој работи во болница и има аптека во Кундинамарка, тврди дека е невин и дека целиот процес му е наместен.