Хакер му го украл цел он лајн живот – сите профили, е-маил, пасворди


Тие му ја преземаа неговата Твитер сметка, му ја исчистиле Гугл сметката како и инбоксот во Gmail. Неговиот Iphone, iPad и MacBook биле целосно исчистени.

Мат Хонан, писател бил мета на хакерски онлајн напад кои направил невиден хаос во неговиот дигитален живот. Писател во Wired и поранешен сениор новинар во Gizmodo.com, дозна дека хакери можат да го превземат целосно неговиот онлајн живот. Тие му ја преземаа неговата Твитер сметка, му ја исчистиле Гугл сметката како и инбоксот во Gmail. Неговиот Iphone, iPad и MacBook биле целосно исчистени. Изгубил голем број на фолдери и документи и уште позначајно за него како слики од неговата ќерка.

„Бев во собата на мојата ќерка и додека си играв во еден момент забележав дека телефонот ми се исклучи. Најпрвин мислев дека батеријата ми се испразнила. Го приклучив за да го наполнам, на екранот ми се појави дека треба да го активирам. Веднаш потоа забележав дека и пасвордот на сметката на Гугл ми е неточен, а потоа мојот мекбук се исклучи автоматски. Кога го земав мојот Ipad се случи истото“, рекол Хонан на интервјуто кое го направил за ABC News.

Во тој момент се посомневал дека некој го хакнал.
„Мојата прва помисла беше дека некој влегол во мојата локална мрежа. Веднаш го исклучив рутерот“, додаде Хонан.

Како сето ова се случило?

Последните неколку дена Хонан се обидувал да дознае како можело сето ова да му се случи. Наместувајќи ги дигиталните коцки на место и зборувајќи со неговиот хакер, тој добил идеја како сето ова се случило. Хакерот кој што се претставувал како Phobia смело ја обиколил неговата Твитер сметка. Тој му пишал дека само сака да ја зголеми читаноста на неговата веб страна. Од Твитер стигнал до личната веб страница на Хонан, каде што ја пронашол неговата лична Gmail адреса. Оттаму успеал да ја пронајде сметката за наплата на Гугл страницата. Таканаречениот Фобија знаел дека можел да добие пристап до @Honan на me.com само со неговата платежна адреса и со последните четири бројки од неговата кредитна картичка. Бројот на кредитната картичка е потежок за пронаоѓање, но благодарение на дупките во Amazon, за упорните хакери и оваа опција е достапна. Со дознавањето на неговата кредитна картичка хакерот ги дознал целиот iCloud сметка и адресата на Епл@me.com. Со тоа дошол и до лозинките и на другите онлајн сметки како што се Twiter и Google.
„Тоа што се случи е дека ме разоткри благодарение на неколку безбедносни мани во повеќе сервисни системи“, напишал Хонан на својата страна.

Tags: , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1