Обично недела кон понеделник по полноќ во Скопје речиси и нема сообраќај. Во вака топла ноќ како изминатава, не веруваме дека којзнае колку домаќинства ги запалиле печките на дрва, на употребено масло, на гуми, на прагови од пруга… И покрај тоа, воздухот во Скопје еден час пред полноќ до два часот изутринава беше екстремно загаден, пишува МКД.МК.
Концентрацијата на опасните честички ПМ10 беше дури три пати поголема од максимално дозволената граница од 50 мг на еден кубен метар воздух. И сега?