Опасната дрога Крокодил зема замав на балканот


Од конзумација на “Крокодил” кожата ви позеленува, почнува да трне и на крајот отпаѓа од коските. Најголем број на луѓе кој го конзумираат, умираат во рок од две години. Во Русија оваа треска одвела над илјадници животи.

257389_krokodil_fПолицијата во Осијек приведе три девојки и двајца мажи поради производство и препродажба на дрога. Сите петмина ја произведувале и продавале најопасната синтетичка дрога на нарко-пазарот. Групата е изнесена пред истражен судија. Ќе бидат во притвор еден месец.

Произведувале исклучително опасен опијат МДПВ- познат уште како “крокодил” или “руска дрога”. Станува збор за мешавина на кодеин, бензин, црвен фосфор и тешки метали. Нејзината специфичност е што може ефтино да се произведува. Исклучително е разорна, а нејзините кoнсументи умираат најчесто после две години.

Во Русија, каде и е создадена во 2003 год. покосила повеќе илјадници животи. Името “кркодил” го добила по тоа што кожата на нејзините консументи позеленува и почнува да се распаѓа. Тие што ја користат имаат по целото тело отворени рани и чиреви, а ткивото буквално им се откинува од коските. Хемиските состојки на дрогата,буквално го јадат одвнатре месото. На повеќемина кои ја користат оваа дрога им се ампутираат рацете или нозете.

droga-najopasna-krokodil-zelena-03-630x420Ја нарекуваат и ефтина дрога, бидејќи е поефтина од хероинот дури и до 4 пати. Се зема орално или преку шприц, а дозата зависи од нејзината чистота или од тоа колку може да прими консументот. Ако се вбризгува со шприц, веќе после првата минута се чувствува нејзиниот ефект. Доколку се зема орално, таа почнува да дејствува после 15 минути. Еуфоријата трае околу час и половина, а после започнуваат големи проблеми.

Уапсената петторка од Осијек добро го има проучено начинот на припремање на дрогата, а потребните супстанци ги купувала преку интернет. Во текот на апсењето биле детално претресени нивните станови. Најдени се 10 грама амфeтамини, неколку десетина грама марихуана, прибор за производство и препродажба на дрога, но и одредена количина на веќе припремена МДПВ со јачина од 5 и 50 мг.

Организираната група од Осијек ја набавувала истата дрога од посредници и ја дистрибуирала низ Осјек и околината.

“Стравуваме дека “крокодил” дрогата би можела да се продава лажно како хероин. Ефтин е за производство, а состојките се лесно достапни”, изјавуваат експертите од Западните држави.

“Последиците од оваа дрога се нешто најлошо што некогаш сме го виделе во нашата пракса”, тврдат американските лекари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1