Превртени автомобили, растурени продавници – Земјотрес во Лос Анџелес


Превртени автомобили, растурени продавници, дефекти во снабдувањето со вода и гас и мала паника меѓу населението …Тоа е епилогот од земјотресот, кој со јачина од 5,1 степени според Рихрер вчера го погоди Лос Анџелес.

29032014144735_Zemjotres

За среќа причинета е само материјална штета, соопшти Геолошкиот завод. По земјотресот уследија уште дваесетина помали потреси.

Епицентарот е 45 километри југоисточно од Лос Анџелес, на длабочина од 32 километри. Земјотресот е почувствуван на југот до Сан Диего, а на север до Вентур, пренесоа агенциите.

Итните служби соопштија дека примиле повици за истекување на гас и дефекти во водоснабдувањето, додека некои граѓани изјавиле дека предмети им паќале до полиците, но за сега нема извештаи за повредени и ѓртви, пренесе агенцијата Асошиетед прес.

Забавниот парк „Дизниленд“ во Л.А. од превентивни мерки е затворен. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1