Раде Ракоњац, поранешен телохранител на Аркан денеска е убиен во престрелка во белградската населба Автокоманда.
Според иформациите Ракоњац инаку член на аркановата Доброволна Гарда, негов телохранител и тесно поврзан со многу луѓе од српското подземје меѓу кои и Лука Бојовиќ, седел во кафулето со пријатели во моментот кога двајца напаќачи влетале со автоматска пушка и отвориле оган.
Напаѓачите според очевидците не биле маскирани и истрелале повеќе од 9 куршуми кон масата на Ракоњац.
Објектот како и околните продавници имале камери и се е снимено.
Во престрелката повредени се уште 4 лица.
Еден од повредените е и екс репрезентативец, кошаркар на Партизан. Кој е опериран и е стабилно.
По пукањето, напаѓачите избегале со автомобил, кој подоцна е најде запален неколку улици подалеку во наслебата Вождовац.