Маскирани лица му приготвувале непријатно изненадување на Стевче Јакимовски. Со автомобил дошле до општина Карпош опремени со палки и спрееви и се обиделе да стигнат до неговата канцеларија за да му дадат ќотек, јавува Прес 24.
Општинското обезбедување се обидело да ги спречи па дошло до инцидент на влезот на општинската барака во дворот на основното училиште Лазо Трповски. Насилниците биле решени да го пробијат обезбедувањето па успеале да го скршат и стаклото од влезната врата. Кога стигнале во ходникот непосредно пред канцеларијата на градоначалникот извадиле црн спреј и ставиле потпис на ѕидовите и на скапата уметничка слика, пишува Прес24
Пред да успеат да стигнат до врата на првиот човек на ГРОМ интервенирала полицијата и успеала да ги приведе.
Напаѓачите се идентификувани како Светомир и Илија, едниот на возраст од 32 а другиот 29 години. Во нивниот асвтомобил се пронајдени предизборни материјали за СДСМ и Стево Пендаровски. За нив е поднесена кривична пријава за насилство.