Дрога, пари – се повеќе девојчиња дел од елитната проституција на Балкан


Синџирот на проституција во Белград функционира по луксузни сплавови и клубови. Девојките најчесто имаат од 18 до 30 години и главно се студентки на приватни факултети во Белград, покажало неодамнешното истражување на белградската полиција, пренесува српски Курир”.

prostitucija1-Организаторите на проституцијата се чести посетители на клубовите. Добро ги познаваат менаџерите и сопствениците на тие локали, а благодарение на тие познанства, лесно го шират својот бизнис. До клиентите доаѓаат исклучиво по препорака и се работи во затворен круг на луѓе – објаснила Драгана Страчевиќ од Одделението за јавен ред и мир на белградската полиција.
Како што пренесува весникот, девојките се нудат на пријатели, но и на пријатели на нивните пријатели, главно богати мажи кои имаат доволно пари да седат во диско на сепаре и да испијат шампањ или некој друг елитен пијалак.

Тие бараат организаторот да им ги прати девојките, а тие да им даваат сексуални услуги во хотели или во станови. Еден час класичен и орален секс чини околу 150 евра. Девојките главно добиваат 100 евра, додека посредникот задржува 50.

prostituke-5Додека трае ова нивно неколкучасовно дружење, некои од девојките пијат алкохол, а некои од нив консумираат и кокаин или друг вид дрога, во зависност од тоа како налагаат околностите”, кажала соговорничката на Курир”.

Таа додала оти никој не ги принудува да го прават ова. Некои дури и самите се нудат и на тој начин ги спојуваат работата и задоволството, а воедно, тие на тој начин живеат на висока нога. Најчесто, девојките не кажуваат колку заработуваат, едноставно кажувале дека ноќта ја поминале со пријател.

Српски Курир” преку полицијата дошол и до ценовникот на овие девојки. Па, така, од 50 до 70 евра чини еден час поминат со улична проститутка. Од 150 до 200 евра наплаќаат они кои работат во елитни хотели, сплавови и ресторани, а 500 евра оние кои имаат да си дозволат им плаќаат на познатите старлети од српскиот џет-сет.
Но, и нашите скопјанки и девојките од провинцијата кои доаѓаат во Скопје да студираат сакаат да го живеат белградскиот живот во скопските хотели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1