Паника во Украина: Имаат гас за уште само еден месец!


-Украина има доволно гас, само за уште еден месец, изјави Министерот за енергетика Јури Продан

-Од денес, имаме гас само за уште еден месец, во однос на моменталната потрошувачка, рече Продан.

gas_1Говорејќи за можните начини да се намали потрошувачката на гас, тој истакна дека некои постројки во земјата престануваат да го користат, како што се затоплува времето.

-Исто така мораме да разгледаме и да најдеме постројувања, кои би можеле да бидат снабдени со јаглен, наместо со гас, додаде тој.

Ситуацијата во Украина, што се однесува до гасот, станува уште потешка, бидејќи Русите во последните три дена, драстично ја зголемија цената на гасот. За 72 часа, цената за 1.000 кубни метри гас порасна од 268 на 485 долари, што е зголемување за 80%. украинскиот премиер, Арсениј Јацењук ја осуди „политичката одлука“ на Русија, чија цел, како што наведе, е поткопување на економските и социјалните сигурности на земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1