Вируси на болести како што се птичјиот грип се испраќаат од континент на континент во неадресирани и безначајни коверти, кршејќи ги сите безбедносни стандарди. На тој начин се поттикнува ширењето на вирусот и продажбата на вакцини, открива римскиот весник „Л`Еспресо“ во новиот број.

Италијанската полиција и обвинителство веќе одреден период го истражуваат бизнисот во кој координирано соработуваат фармацевтската индустрија и здравствените „рекетари“, обезбедувајќи за себе голема заработувачка.
Првите докази ги пронашле Американците, кои пред повеќе од 10 години привеле човек кој увезувал вирус во САД од Саудиска Арабија. Тој ги открил неговите соработници, кои подоцна полицијата ги затворила. Потоа добиле сведочење и од Паоло Кандоли, поранешен италијански менаџер на Мериал, ветеринарската гранка на колосот Санофи Авентис. Тој призна дека вирусот на птичји грип го испраќал по ДХЛ во Италија во 1999 година. Интересно е дека токму во северниот дел на Италија изби најсилната епидемија на птичји грип во кокошарниците во Европа, и на Западот воопшто. Вирусот беше H7N3, токму оној кој го испраќал Кандоли. А таа епидемија поттикна инвестиции во истражувањата и во купувањата на вакцини.
Истрагата доведе од Илариа Капу, светски познат виролог и пратеничка во италијанскиот парламент, на Граѓанската листа на Марио Монти. Експерименталниот зоопрофилактички институт во Падова, каде работела, склопил картел со Мериал на Кандоли и со американскиот Форт Доџ Енимал. Осомничени се уште неколку научници од институтот во Падова, челници на здравствени установи и ветеринарски заводи.